25 ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА КАЈ ВЕЈЦЕ: ОДАДЕНА ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ
По повод 25-годишнината од трагичниот настан кај Вејце, денеска беше оддадена почит на загинатите бранители, при што беше положено свежо цвеќе пред споменикот во нивна чест.
Со пригодно одбележување, присутните се потсетија на четворицата припадници на безбедносните сили од Битола – Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски, кои ги загубија своите животи за време на конфликтот во 2001 година.
Нивната жртва беше истакната како длабоко врежана во колективната меморија, како и како траен потсетник за значењето и цената на мирот и слободата.
Со достоинство и почит, присутните се поклонија пред нивниот спомен, изразувајќи благодарност за нивната несебична жртва.
Одбележувањето заврши со порака дека споменот за загинатите бранители ќе продолжи да живее, а нивното дело ќе остане вечна инспирација за идните генерации.