Битола добива нов вински фестивал: Три дена музика, дружење и дегустација

Битола од 7 до 9 мај ќе биде домаќин на првото издание на „Вински фестивал Битола“, нов настан кој ќе се одржи на платото пред Офицерски дом. Фестивалот носи спој од вино, музика и урбано дружење, со цел да ја збогати културно-забавната понуда на градот.

Организаторите најавуваат дека ова е почеток на нова фестивалска традиција, која треба да ја промовира винската култура и да привлече посетители од целата земја. Градоначалникот Тони Коњановски истакна дека ваквите настани ја зацврстуваат позицијата на Битола како туристичка и културна дестинација.

Фестивалската програма вклучува настапи на повеќе домашни музички имиња и диџеи, меѓу кои „Љубојна“, „Паркети“, „Пауза за ракија“ и други, со што се нуди содржина за различни генерации.

Од КИЦ Битола посочуваат дека изборот на Офицерски дом како локација има симболично значење и цел да создаде автентична градска атмосфера. Амбицијата е фестивалот да прерасне во препознатлив бренд на Битола и важен дел од нејзината туристичка понуда.


1213

Задолжително

Verified by MonsterInsights