Во недела затворен дел од булеварот „1 Мај“ поради интервенција на канализациската мрежа
Во недела, на 10 мај, дел од булеварот „1 Мај“ ќе биде затворен за сообраќај поради интервенција на канализациската мрежа, информираат надлежните служби.
Затворањето се воведува поради пообемен дефект на мрежата, кој бара сериозна градежна интервенција. Делот од булеварот од зградата на Судот до Црн Мост ќе биде целосно непрооден за возила.
Како што е најавено, зафатот ќе биде од поголеми размери и ќе се изведува ископ со длабочина до 6 метри.
Сообраќајот на оваа делница ќе биде во прекин сè до целосно завршување на интервенцијата.