Андоновски со силни пораки и голем раст на дигитализацијата
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, соопшти дека е забележан околу 120% раст на трансакциите на платформата за интероперабилност, која овозможува дигитална размена на податоци меѓу институциите.
Тој ова го истакна на отворањето на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, нагласувајќи дека дигиталната трансформација значи побрзи постапки, помалку административен товар и поефикасна комуникација меѓу државата, бизнисот и граѓаните.
Андоновски посочи дека целта е податоците да се движат, а не граѓаните и компаниите, додека платформата за интероперабилност веќе покажува значителен раст во користењето.
Тој додаде дека и Националниот портал за услуги треба да стане централна точка за пристап до државните услуги, со цел поедноставување на процедурите и намалување на бирократијата.