Никола Зацески го освои „Златен глас“ – публиката воодушевена од младиот талент!
Младиот пејач Никола Зацески го освои првото место и признанието „Златен глас“ на годинашното издание на Smotra Festival, кое се одржа во Сушица.
Зацески истакна дека за него ова признание претставува голема чест и дополнителна мотивација за понатамошен напредок во музичката кариера. Тој упати благодарност до градоначалникот на Ново Село и до организаторите на фестивалот за успешната реализација на настанот и поддршката што им ја даваат на младите македонски артисти.
Покрај признанието за прво место, младиот пејач доби и парична награда во износ од 1000 евра, како и можност за авторска песна од фестивалот. Според него, ваквите музички манифестации имаат големо значење за промоција и афирмација на новите музички имиња на македонската сцена.

