Офицерски станува ‘Живо атеље’: 20 млади таленти ќе творат пред очите на јавноста

Ни претставува особено задоволство да го најавиме започнувањето на проектот „Симфонија на петте: звуците на Офицерски“ – уникатна интердисциплинарна иницијатива што има за цел да го отвори креативниот процес пред очите на јавноста. Наместо зад затворени врати, уметноста ќе се создава во алтернативниот галериски простор на КИЦ Битола, кој во наредниот период ќе се претвори во вистинско „Живо атеље“.

Во текот на три недели, 20 талентирани ученици ќе творат директно во галеријата, овозможувајќи ѝ на публиката да го проследи целиот процес – од првата скица до финалното уметничко дело. Проектот става акцент на решавање на ликовните предизвици во реално време, со континуирана поддршка од стручно менторство и поттикнување на соработка, размена на идеи и заедничко творештво.

„Симфонија на петте: звуците на Офицерски“ претставува ретка можност посетителите да бидат сведоци на самото „раѓање“ на уметноста, додека младите автори добиваат професионална платформа за развој, афирмација и изложбена дејност.


1188

Задолжително

Verified by MonsterInsights