Мицкоски: Спортот е иднината – младите се најголемата инвестиција на Македонија
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Владата продолжува силно да инвестира во спортот, оценувајќи го како клучен за иднината на Македонија.
„Навистина прекрасна глетка е ова што денес може да се види на плоштадот во Скопје – нешто божествено. Ми претставува чест што сум дел од првата сезона на ‘Плазма’ спортските игри за млади. Убеден сум дека овие денови, недели и месеци од вашиот живот ќе ги паметите засекогаш“, изјави Мицкоски.
Тој ги повика младите да спортуваат, да другаруваат и да учат, нагласувајќи дека спортот е иднината на државата.
„Ви благодарам на наставниците и професорите што се тука. Како Влада ќе продолжиме да го поддржуваме спортот и да стоиме зад младите. Нека е со среќа и успех – и нека победи подобриот“, додаде тој.