Битола викендов ќе живее во знакот на уметноста и детската креативност
Во пресрет на 45. издание на Светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“, раководството на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ денес оствари средба со градоначалникот на Тони Коњановски.
Годинава на колонијата ќе учествуваат 18 делегации од 15 држави, а на конкурсот за 44. Светска детска ликовна изложба „Битола“ пристигнале дури 85.000 цртежи од 85 држави.
На приемот присуствуваше и 17-годишната Ана Полизовска, првата учесничка од Македонија која е прогласена за најдобар учесник на колонијата во изминатите 45 години.
Свеченото отворање на „Мал Битолски Монмартр“ ќе се одржи в сабота во Офицерскиот дом во Битола, а повеќе од 100 млади уметници ќе творат на повеќе локации во градот, како и во Охрид и манастирот Св. Јован Бигорски.