Центарот на Битола добива побезбедни пешачки премини

Во централното градско подрачје на Битола започна реализацијата на проектот за поставување пешачки семафори на преминот кај „Епинал“, на влезот од Широк Сокак кај плоштадот „Гоце Делчев“.

Со поставувањето на новата сообраќајна сигнализација значително ќе се подобри безбедноста на пешаците и ќе се олесни преминувањето на оваа фреквентна сообраќајница во периодот кога улицата е отворена за сообраќај.

Во рамки на проектот, просторот кај плоштадот кој досега се користеше како паркинг ќе биде пренаменет во пешачка зона, со што дополнително ќе се уреди и разубави централното градско јадро.

Од локалната самоуправа најавуваат дека во наредниот период пешачки семафори ќе бидат поставени и кај Камен мост, како дел од активностите за подобрување на сообраќајната безбедност и условите за движење на граѓаните.


1187

Задолжително

Verified by MonsterInsights