Усогласени нови мерки за бездомните кучиња со акцент на одговорноста на сопствениците

На регионален состанок во Битола, организиран од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), претставници на општините од Пелагонискиот регион разговараа за управувањето со популацијата на бездомни и напуштени кучиња и за потребата од поголема одговорност на сопствениците.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги презентираше искуствата на општината, истакнувајќи дека прифатилиштето „Хачико“ работи согласно сите пропишани стандарди и претставува важен чекор во контролата на уличната популација на кучиња.

Од АХВ беше најавено дека идните активности ќе бидат насочени кон подобрување на базата на податоци за домашни миленици, воведување мерки за контрола на размножувањето и поголема промоција на стерилизацијата и кастрацијата.

Претставниците на Агенцијата нагласија дека главниот извор на зголемување на бројот на бездомни кучиња е неодговорното сопствеништво, односно неконтролираното размножување и напуштањето на животните. Во таа насока, беше најавена и подготовка на нова законска рамка која треба да овозможи поефикасно и системско решавање на проблемот на национално ниво.


1177

Задолжително

Verified by MonsterInsights