25 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ВОЕНИТЕ РЕЗЕРВИСТИ КАЈ ГАЈРЕ
По повод 25 години од смртта на резервистите Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, денеска во Битола им беше оддадена почит пред спомен-обележјата посветени на загинатите бранители.
Цвеќе беше положено пред споменикот „Ангел“ кај Саат кулата и пред споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, во знак на сеќавање на загинатите припадници на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година.
На одбележувањето присуствуваа претставници на Општина Битола, Советот на општината, државни институции, политички партии, како и семејствата и граѓани кои им оддадоа почит.
Им беше оддадена почит со порака за вечна слава на загинатите бранители.