Битола домаќин на Балканското првенство во џудо за деца до 14 години

Во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола на 6 и 7 јуни се одржа Отвореното Балканско првенство во џудо за деца до 14 години. На шампионатот настапија повеќе од 400 млади џудисти од 11 балкански земји, додека во градот престојуваа околу 600 учесници, тренери, судии и спортски работници.

Најуспешна репрезентација беше Турција, која настапи со најбројна екипа и освои најмногу медали.

За Македонија единствениот медал го освои Виктор Трчков во категоријата до 66 килограми. Членот на ЏК „Миоки“ стигна до бронзениот медал со четири победи и еден пораз. Успешен настап имаше и Енил Ајдиноски, кој го освои петтото место откако се пласираше во борбата за бронзен медал.

„Горд сум што нашиот репрезентативец ја одбрани честа на македонското џудо и го освои единствениот медал за нашата федерација како организатор“, истакна тренерот Игор Паскоски.


1232

Задолжително

Verified by MonsterInsights