Општина Битола со јавен повик за поддршка на лица со попреченост

Општина Битола објави јавен повик за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани.

Со повикот се бараат предлог-проекти од здруженија кои ќе обезбедуваат логопедски услуги, психо-социјална поддршка, рехабилитациони услуги, едукативни семинари за родителство и грижа, како и обуки за правата на децата и лицата со попреченост.

Целта е да се подобри квалитетот на животот, социјалната вклученост и општата благосостојба на лицата со попреченост и нивните семејства. Активностите ќе се реализираат преку партнерство помеѓу Општина Битола и граѓанските организации кои работат во областа на социјалната заштита и инклузијата.

Финансиската поддршка за избраните проекти е обезбедена од Буџетот на Општина Битола за 2026 година, во согласност со Програмата за социјална заштита на Општината.

Заинтересираните здруженија потребната документација можат да ја достават во архивата на Општина Битола или по пошта, во рок од 10 работни дена од денот на објавувањето на јавниот повик, односно најдоцна до 19 јуни 2026 година.

Дополнителни информации и целосниот текст на повикот се достапни на официјалната интернет-страница на Општина Битола.

Повеќе информации: Општина Битола – Јавен повик за лица со попреченост


1138

Задолжително

Verified by MonsterInsights