Екипи на „Нискоградба“ интервенираат на десетина локации по обилните врнежи во Битола

Обилните врнежи од дожд што попладнево ја зафатија Битола предизвикаа проблеми во повеќе делови од градот, поради што екипите на ЈП „Нискоградба“ веднаш излегоа на терен и започнаа со интервенции за нормализирање на состојбата.

Според информациите од претпријатието, интервенирано е во населбата „Стрелиште“ на улицата „8 Септември“ кај бензинската станица „Лукоил“, во населбата Карпош-Кланица на потегот кон улицата „Железничка“, како и на самата улица „Железничка“ во близина на „Император“. Активности се спроведуваат и во населбата „Стрчин“ кај реката Курделес, на улицата „Партизанска“ пред Медицината на трудот, во Горно Оризари на улицата „Крсте Нале“, како и на одводниот канал и Раштанскиот Порој.

Интервенции се вршат и на улиците „Бурса“ и „Цар Самоил“, а во текот на вечерта екипите ќе работат и на улицата што води кон селото Раштани. Помали зафати биле извршени и во населбите „Бадембалари“ и „Баир“, како и на улицата „Широка“, каде големата количина вода што се слеваше од ридот ги надмина капацитетите на атмосферските решетки.

Од „Нискоградба“ информираат дека било интервенирано и на улицата „Васко Карангелевски“, кај стариот Курделес кој излегува на улицата „Смилевски конгрес“, додека дополнителни активности се планирани и на патните правци кон селата Брусник и Лавци.

Надлежните апелираат на внимателност и најавуваат дека екипите ќе останат на терен сè до целосно санирање на последиците од невремето.


1098

Задолжително

Verified by MonsterInsights