Над 70 милиони денари вложени во водоводната инфраструктура во Општина Битола
Во Општина Битола се реализираат инвестиции во вредност од над 70 милиони денари насочени кон унапредување на водоводната инфраструктура.
Преку повеќе тековни и планирани проекти за изградба, реконструкција и модернизација на водоводната мрежа, се обезбедува поквалитетно, посигурно и континуирано водоснабдување за граѓаните.
Со овие вложувања се унапредува современа и одржлива инфраструктура, се зголемува ефикасноста на системот и се подобруваат условите за живот на населението.
Од надлежните институции посочуваат дека ваквите инвестиции ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се реализираат проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните и придонесуваат за долгорочен развој на Битола.