ЕСМ ќе заштеди 8 милиони евра со нов договор за терминалот во Александрополис

ЕСМ ќе заштеди околу осум милиони евра по постигнатиот договор со „Гастрејд“ за измена на условите за закуп на капацитети во терминалот за течен природен гас во Александрополис, соопшти генералниот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев.

Со анексот се воведува 30-месечен мораториум за користење на терминалот и се репрограмираат обврските, со што се прекинуваат трошоците за капацитет што досега не можел да се користи.

Узунчев посочи дека досегашната штета за ЕСМ надминува седум милиони евра поради закуп на терминалски и транспортни капацитети кои не биле функционални.

Тој најави и дека следната недела ЕСМ ќе потпише грант од 2,4 милиони долари со Светската банка за подготовка на проектот за новата гасна електрана „РЕК Битола 1“, која ќе има капацитет од 250 до 300 мегавати.


1110

Задолжително

Verified by MonsterInsights