На четвртото издание на „Мини Трчај бе“, повеќе од 800 деца застанаа на стартот на најмасовната детска трка во Македонија
Денес Битола полна со насмевки и полна со деца кои не се плашат да трчаат. Искрено, понекогаш во Трчај бе мислиме, дека возрасните повеќе се плашат од трчањето отколку тие.

Четвртото издание на „Мини Трчај бе“ донесе уште еден сончев, гласен и прекрасен ден исполнет со радост.
Илјадници фотографии допрва ќе ја раскажуваат приказната за денот кога најмладите повторно нѐ потсетија како изгледа чистата среќа.
Благодарност до сите родители, волонтери, партнери, спонзори и пријатели на „Трчај бе“.
На сите што веруваат дека добрите проекти вредат да се градат. И дека секое дете заслужува простор да трча, да се радува и да биде дете.





