Општина Битола ги ослободува угостителите од комунална такса за заживување на Старата чаршија

Советот на Општина Битола на вчерашната седница едногласно ја прифати иницијативата предложена од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување од комунална такса на угостителските објекти во Старата битолска чаршија.

Според најавите, на наредната седница на Советот ќе биде донесена посебна одлука со која прецизно ќе се дефинира опфатот на оваа мерка, а нејзината примена ќе започне од следната година.

Од Општина Битола посочуваат дека станува збор за една од првите конкретни мерки насочени кон заживување на Старата битолска чаршија, која претставува еден од најзначајните културно-историски симболи на градот.

Очекувањата се дека ослободувањето од комунална такса ќе ги мотивира младите претприемачи да ги развиваат своите бизниси токму во чаршијата, придонесувајќи за нејзина поголема атрактивност и враќање на препознатливиот амбиент и живост што ја краселе низ годините.

Од локалната самоуправа најавуваат дека во наредниот период ќе следуваат и други мерки и активности со цел дополнително поттикнување на развојот и ревитализацијата на Старата битолска чаршија.


1137

Задолжително

Verified by MonsterInsights