Нова фабрика во Жабени: Инвестиција од 11 милиони евра и 230 нови работни места

Во индустриската зона Жабени во Битола денеска свечено беше отворена фабриката „Brainchild“, инвестиција вредна околу 11 милиони евра, која веќе обезбедува работа за околу 230 лица.

На отворањето присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека станува збор за значајна инвестиција во производство на специјализирана опрема и производи што се користат во спортовите на вода, сегмент кој има голема примена на светскиот пазар.

„За Владата претставува особена чест и задоволство што можевме да поддржиме една ваква инвестиција. Станува збор за проект кој носи додадена вредност за македонската економија и отвора нови работни места“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата останува посветена на привлекување нови инвестиции и поддршка на домашниот економски развој, посочувајќи дека во моментов се водат разговори со уште најмалку двајца потенцијални инвеститори заинтересирани за изградба на свои капацитети во Битола.

Според него, деталите за овие инвестиции ќе бидат соопштени откако ќе бидат финализирани договорите за државна поддршка.

Отворањето на фабриката „Brainchild“ претставува уште еден значаен чекор во развојот на индустриската зона Жабени, која во последните години станува сè поатрактивна дестинација за домашни и странски инвеститори.


1186

Задолжително

Verified by MonsterInsights