Лазо Узунчев: Компанијата повторно оствари профит и во второто тримесечје
Компанијата предводена од Лазо Узунчев продолжува со позитивните финансиски резултати, откако и второто тримесечје од годината го заврши со профит.
Информацијата ја сподели самиот Узунчев преку објава на социјалните мрежи, при што упати благодарност до своите колешки и колеги за придонесот во заедничкиот успех.
„Со профит, и во второто тримесечје. Огромна благодарност колешки и колеги – за заедничкиот успех. Одиме понатаму“, порача Узунчев.
Со ова, компанијата испраќа порака за стабилно работење и континуитет во остварувањето на позитивни деловни резултати, нагласувајќи дека успехот е резултат на тимската работа и посветеноста на вработените.