Македонија и Германија ја продлабочуваат одбранбената соработка
Министерството за одбрана денес оствари средба со началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Сојузна Република Германија, генералот Карстен Бројер, на која беа разгледани можностите за понатамошно унапредување на билатералната одбранбена соработка и јакнење на партнерството во рамките на НАТО.
На средбата биле разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува Европа, како и за значењето на сојузничката солидарност, координацијата и развојот на одбранбените способности.
Двете страни ја потврдиле определбата за продлабочување на соработката преку размена на искуства, реализација на заеднички активности, обуки и понатамошно унапредување на капацитетите на вооружените сили.
Средбата претставува уште една потврда за партнерските односи меѓу Македонија и Германија во областа на одбраната, како и за заедничката заложба за придонес кон регионалната стабилност и евроатлантската безбедност.