Општина Битола објави јавен повик за избор на обучувачи за негователи за помош и нега во домот на стари лица

Општина Битола објави јавен повик за избор на лиценцирани обучувачи кои ќе спроведуваат обука за негователи за помош и нега во домот на стари лица, во рамки на активностите предвидени со Програмата за социјална заштита.

На јавниот повик можат да се пријават правни и физички лица кои ги исполнуваат пропишаните услови, односно поседуваат соодветна лиценца за реализација на обуки за негователи за помош и нега во домот на стари лица, имаат искуство во областа на социјалната заштита и во спроведување на ваков вид обуки, како и можност да обезбедат програма која ќе овозможи сертифицирање на учесниците.

Со реализацијата на оваа обука се очекува да се придонесе кон создавање на стручно обучен кадар кој ќе може да обезбедува квалитетна помош и поддршка на старите лица во нивните домови, овозможувајќи им подобри услови за секојдневно функционирање и поголема социјална вклученост.

Заинтересираните кандидати потребната документација треба да ја достават во архивата на Општина Битола или по пошта на адреса: Општина Битола, Сектор за економски развој, јавни дејности и ИТ, Булевар „1-ви Мај“ бр.61.

Пријавите треба да бидат доставени со назнака „Пријава за обезбедување на услуга – Обука на негователи за помош и нега во домот на стари лица“, во рок од 10 работни дена од денот на објавувањето на јавниот повик, односно најдоцна до 31.07.2026 година.

Од Општина Битола информираат дека пријавите доставени по електронска пошта нема да бидат разгледувани.

Повеќе информации за јавниот повик се достапни на официјалната веб-страница на Општина Битола.


1199

Задолжително

Verified by MonsterInsights