Битола домаќин на одбележувањето на 25 години од формирањето на ЕБР
Битола ќе биде домаќин на одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), во рамките на кое во градот ќе бидат реализирани повеќе вежбовни и показни активности.
На 19 и 20 август 2026 година, со почеток во 16:00 часот, на платото пред Офицерскиот дом во Битола ќе се одржат вежбовни активности на припадниците на ЕБР. Граѓаните ќе имаат можност непосредно да проследат дел од нивната професионалност, подготвеност и вештини.
Централното одбележување ќе се одржи во сабота, 22 август, со почеток во 18:00 часот, повторно на платото пред Офицерскиот дом. Во рамките на настанот ќе биде изведена показна вежба на Единицата за брзо распоредување, преку која пред битолската јавност ќе бидат претставени нивната обученост, тактичката подготвеност и професионалното делување.
Одбележувањето на 25 години од формирањето на ЕБР претставува потсетување на долгогодишната посветеност, храброст, професионалност и пожртвуваност на нејзините припадници во служба на граѓаните и безбедноста на државата.
Битола во наредните денови ќе биде место каде граѓаните ќе имаат можност одблизу да се запознаат со работата и подготвеноста на припадниците на ЕБР.
Централниот настан е во сабота, 22 август, со почеток во 18:00 часот на платото пред Офицерскиот дом – Битола.