ЧЕСТИТ ДЕН НА РУДАРИТЕ! – ПРИЗНАНИЕ НА ЛУЃЕТО КОИ ГО ДРЖАТ ЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМ НА НОЗЕ

Д ЕСМ по повод Денот на рударите упатува честитки и изразува благодарност до сите рудари кои секојдневно се соочуваат со тешки и специфични услови за работа и со својот труд придонесуваат за стабилноста на македонскиот енергетски систем.

Од компанијата посочуваат дека рударите од РЕК Битола и РЕК Осломеј се важна алка во процесот на производство на електрична енергија, а нивната професионалност, истрајност и одговорност имаат особено значење за сигурното функционирање на енергетскиот систем.

Рударската професија бара знаење, искуство, храброст и голема посветеност. Секојдневната работа во рудниците се одвива во сложени услови и носи бројни предизвици, но токму трудот на рударите овозможува обезбедување на јагленот неопходен за производство на електрична енергија.

АД ЕСМ нагласува дека придонесот на рударите е од суштинско значење за енергетската стабилност на земјата и за создавањето сигурна енергетска иднина.

По повод празникот, компанијата им посакува на сите рудари добро здравје, сила, безбедност при работата и уште многу успешни години.

Кон честитките до рударите се приклучува и Пеланет, со искрена благодарност за нивниот труд, пожртвуваност и придонес кон македонската енергетика.

Честит Ден на рударите!


1149

Задолжително

Verified by MonsterInsights