НАСА лансираше супермоќен телескоп во Вселената наречен „Ненси Грејс Роман“

Американската вселенска агенција НАСА денеска во Вселената лансираше нов телескоп наречен „Ненси Грејс Роман“, од кој се очекува да помогне во откривање повеќе стотици илјади нови егзопланети и мапирање на милијарди ѕвезди.Новиот телескоп беше лансирана со помош на рекетата-носач „Фалкон Хеви“ на вселенската компанија „СпејсИкс“ на Илон Маск.

Според астрономите, „Роман“ со своите карактеристики ги надминува телескопите „Хабл“ и „Џејмс Веб“. Тие посочуваат дека со овие два телескопи може да се гледаат неколку ѕвезди или планети со големи детали или пак многу ѕвезди со мали детали, додека со „Роман“ ќе може детално да се набљудуваат многу ѕвезди и планети истовремено.

Панорама на Универзумот

Телескопот „Роман“ има видно поле кое е 100 до 200 пати поголемо од она на „Хабл“ и може да сними подеднакво остри и детални слики.

Тестирање на телескопот „Ненси Грејс Роман во итсражувачкиот центар на НАСА. Фото: НАСА

Според раководителката на телескопот Џули Мекенери, „Роман“ може да го мапира небото 1.000 пати побрзо од „Хабл“.

Како и „Хабл“, и телескоп „Роман“ има огледало со дијаметар од 2,4 метри, кое првично беше развиено за употреба во шпионски сателит. Благодарение на вградената камера од 300 мегапиксели, телескопот може да прави големи фотографии од Универзумот со висока резолуција.

За да се прикажете една слика од „Роман“ во нејзината оригинална резолуција, ќе бидат потребно 37 4K телевизори. Телексопот, исто така, ќе изработи голема мапа на небото, каде што поединечните слики ќе се спојат во еден мозаик.

„За да го прикажете тоа целосно, ќе бидат потребни повеќе од половина милион 4K телевизори“, вели Мекенери.

Според неа, 400-те терабајти податоци што „Хабл“ ги прибрал за 35 години, „Роман“ ќе ги собере за помалку од една година.

Телескопот „Џејмс Веб“, од друга страна, е дизајниран да гледа многу подалеку во Универзумот. „Со „Џејмс Веб“, можеме да најдеме ретки работи во далечниот Универзум. Но, потребен ни е „Роман“ за да ги пронајдеме ретките работи во поблискиот Универзум“, вели Мекенери.

Невидливиот универзум

Главната цел вселенски телескоп „Ненси Грејс Роман“ е да помогне во откривањето на две од најголемите мистерии на Универзумот: темната материја и темната енергија. Ова се два концепта кои никогаш не биле видени или докажани, но за кои научниците веруваат дека мора да постојат.

Ненси Грејс Роман – „Мајката на Хабл“, порнешна американска астрономка. Фото: НАСА

Без темната материја, не разбираме зошто галаксиите не се разлетуваат. Без темна енергија, немаме објаснување зошто Универзумот продолжува да се шири со постојано зголемување. Сепак, постоењето на темната материја и темната енергија се повеќе се доведува во прашање.

„Постојат индикации дека нашиот стандарден модел на Универзумот е неточен. „Роман“ може да го потврди или побие ова и да ги даде податоците за можни нови откритија“, вели Мекенери. Според НАСА, „Роман“ би можел да го промени целото наше знаење за Универзумот.

„Највозбудливото откритие на „Роман“ ќе биде изненадување. Нешто што не можевме да го предвидиме и што ќе покрене нови прашања на кои идните генерации ќе се обидат да одговорат“, додава Мекенери.

Која е Ненси Грејс Роман?

Ненси Грејс Роман (1925–2018) беше американска астрономка. Таа беше првата раководителка на Одделот за астрономија во НАСА и првата жена на висока позиција во Агенцијата. Со тоа, таа го трасираше патот за жените кои дојдоа во НАСA по неа.

Роман го доби прекарот „Мајкаta на Хабл“ поради нејзиниот голем придонес во познатиот телескоп. Таа се погрижи идејата всушност да стане реалност со тоа што ги здружи инженерите, астрономите и другите експерти од САД и ги замоли да дизајнираат нешто конкретно.

„Инженерите можеа да кажат што би функционирало, а астрономите што би било корисно“, рече во една прилика Роман.


1133

Задолжително

Verified by MonsterInsights