Среќен почеток на новата учебна година!

Утре повторно ќе се отворат училишните врати, ќе се исполнат ходниците со детска насмевка и радост, а училишните клупи ќе ги пречекаат своите ученици.

За најмладите – првачињата – започнува едно посебно патување. Првите букви, првите броеви, првите другарства и првите училишни спомени ќе останат засекогаш дел од нивното детство.

На сите ученици им посакуваме успешна, среќна и безгрижна учебна година, исполнета со знаење, нови пријателства, убави моменти и многу причини за насмевка.

На наставниците и професорите им посакуваме трпение, инспирација и успех во благородната мисија – да ги водат младите кон знаењето и да им помогнат да ги откријат своите таленти и можности.

А на родителите – гордост и радост од секој нов чекор на нивните деца.

Нека секоја училишна клупа биде место од кое ќе започне една убава приказна, а секој училиштен ден – нова можност за учење, растење и создавање иднина.

Среќна и успешна учебна 2026/2027 година!


1099

Задолжително

Verified by MonsterInsights