Нова ресурсна соба во „Ѓорѓи Сугарев“ – уште еден чекор кон инклузивно образование

Во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола денеска беше ставена во функција новата ресурсна соба, современ и безбеден простор наменет за поддршка на учениците и унапредување на инклузивното образование.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателот на Советот на Општина Битола Бојан Бојкоски, кои упатија благодарност до донаторите за поддршката во опремувањето на просторот.

Ресурсната соба ќе ја користат учениците, образовните и личните асистенти, наставниците и стручните соработници, согласно индивидуалните потреби на секое дете. Таа овозможува услови за индивидуална и работа во мали групи, дополнителна образовна поддршка и развој на различни вештини, но и простор во кој учениците ќе се чувствуваат сигурно, прифатено и поддржано.

Опремувањето и уредувањето на просторијата е реализирано со поддршка од „Hand Till Hand“ и „Handelsbankens Fadderbarns Fond“, на кои од училиштето им изразуваат искрена благодарност.

Од „Ѓорѓи Сугарев“ порачуваат дека ресурсната соба е повеќе од ново уреден простор – таа е место каде инклузијата се претвора во секојдневна практика, со еднакви можности за секое дете.

„Секое дете може. Секое дете припаѓа“, велат од училиштето.


1116

Задолжително

Verified by MonsterInsights