30 ГОДИНИ ОПШТИНА МОГИЛА – СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ЗНАЧАЈНИОТ ЈУБИЛЕЈ

Со свечена седница на Советот на Општина Могила и пригодна свечена програма, во Могила беше одбележан Денот на Општината и значајниот јубилеј – 30 години од нејзиното формирање.

Три децении постоење на Општина Могила се период исполнет со бројни предизвици, одлуки, реализирани проекти, успеси и заеднички заложби за развој и унапредување на локалната заедница. Во изминатите 30 години, во создавањето на општинската приказна учествувале бројни генерации советници, вработени, институции, здруженија, компании и граѓани.

Во рамки на свеченоста беа доделени јубилејни плакети на поединци, институции, здруженија и компании кои со својата работа, постигнувања, соработка и посветеност оставиле значаен белег во развојот и афирмацијата на Општина Могила.

По повод јубилејот, благодарници им беа доделени и на сегашните и поранешните советници, како признание за нивниот придонес во работата на Советот и развојот на општината низ годините.

Јубилејот беше можност за потсетување дека историјата на една општина не ја сочинуваат само датумите и годините, туку пред сè луѓето, нивните дела, идеите и одлуките што остануваат како трага за идните генерации.

Одбележувањето на 30-годишнината воедно претставуваше и поглед кон иднината – со заложба Могила да продолжи да се развива како општина во која младите ќе ја препознаваат својата иднина, а идните генерации со гордост ќе можат да кажат дека токму тука припаѓаат.

Со благодарност кон сите кои низ изминатите три децении биле дел од развојот на општината, Могила го одбележа својот јубилеј со порака дека делата треба да траат, спомените да останат, а приказната за општината да продолжи и во годините што следуваат.

Среќен Ден на Општина Могила и честит јубилеј – 30 години!


1088

Задолжително

Verified by MonsterInsights