Мицкоски од Вашингтон: Фокус на инвестиции и стратешкото партнерство со САД

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во работна посета на Соединетите Американски Држави, денеска во Вашингтон оствари повеќе средби со претставници на американските институции, Конгресот и економскиот сектор.

Во фокусот на разговорите биле односите меѓу Македонија и САД, можностите за продлабочување на стратешкото партнерство, како и унапредување на економската и инвестициската соработка.

Мицкоски се сретнал со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународно финансиско развивање (DFC). На средбата биле разгледани можности за потенцијални инвестиции во Македонија, особено во енергетиката, високите технологии, инфраструктурата и други стратешки сектори.

Во рамките на посетата, Мицкоски остварил и средби со претставници на американскиот Конгрес. Се сретнал со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, со кого разговарал за билатералните односи и можностите за натамошна соработка.

Средба имал и со конгресменката Клаудија Тини, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот. Во разговорот биле истакнати парламентарната соработка, политичкиот дијалог и размената на искуства меѓу двете земји.

Според информациите од посетата, средбите во Вашингтон се дел од активностите насочени кон продлабочување на соработката со САД и отворање можности за нови инвестиции и заеднички проекти.

По Вашингтон, Мицкоски ќе отпатува за Њујорк, каде што ќе учествува на годинашното Генерално собрание на Обединетите нации. Во рамките на посетата се предвидени и билатерални средби со повеќе државници.


1086

Задолжително

Verified by MonsterInsights