Бистрица добива мултифункционален центар

По повеќе децении нефункционалност, објектот во Бистрица, кој некогаш бил културен дом, конечно добива нова намена. Во тек е изградбата на нова спортска сала, која треба да прерасне во мултифункционален простор за спортски и културни активности.

Градежните работи се во тек, а денеска увид во реализацијата на проектот изврши градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со одговорните лица ангажирани во проектот.

Жителите на Бистрица ќе добијат објект со површина од 386 квадратни метри, наменет не само за спорт, туку и за одржување различни културни и општествени активности.

Новата сала ќе биде организирана во две целини – приземје и галерија. Приземниот дел ќе содржи мултифункционален простор за спортски активности, како и помошни простории, додека галеријата ќе ја задржи намената на гледалиште за културни манифестации.

Според Коњановски, реализацијата на проектот треба да отвори нови можности за младите и да придонесе кон повторно заживување на Бистрица и околните населени места.

Во изградбата на објектот се инвестираат 37.599.966 денари.


1092

Задолжително

Verified by MonsterInsights