АД ЕСМ ги претставува развојните проекти на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“
АД ЕСМ е активен учесник на меѓународната конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“, во организација на ЗЕМАК, која ги обединува претставниците на енергетскиот сектор од земјата и регионот.
Тимот на АД ЕСМ, предводен од Александар Мурговски, претседател на Надзорниот одбор, и Владимир Пејоски, член на Управниот одбор и директор за развој и инвестиции, ги претставува клучните проекти и инвестициски планови на компанијата.
Во фокусот се проектите што треба да придонесат кон модернизација на енергетскиот систем и зголемување на неговата долгорочна одржливост, во услови на забрзана трансформација на енергетскиот сектор.
Конференцијата е посветена на современите технологии и политики за производство на електрична енергија, одржливиот развој и можностите за надминување на предизвиците со кои се соочуваат компаниите и инвеститорите.
Учеството на АД ЕСМ претставува можност за размена на знаења и искуства, презентирање на развојните планови и отворање простор за нови партнерства и инвестиции во енергетскиот сектор.