ЕСМ со нова инвестиција во хидроенергетиката: Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3

Денеска беше промовиран капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“, со кој се предвидува модернизација на значаен дел од производните капацитети и зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори.

Со реализацијата на проектот ќе се зајакне искористувањето на хидропотенцијалот на државата и ќе се придонесе за поголема сигурност, стабилност и квалитет на електроенергетскиот систем.

Домашното производство на електрична енергија во изминатите неколку месеци се движи околу или над 95 проценти од потрошувачката, а поставената цел е до крајот на годината да се постигне нето-нула, односно домашното производство целосно да ги покрива потребите на земјата.

Амбицијата во наредниот период е да се создадат услови и за производство на вишоци на електрична енергија, со што дополнително ќе се зајакне енергетската независност на државата.

Проектот „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“ претставува уште еден чекор кон модернизација на домашните енергетски капацитети и долгорочна стабилност на снабдувањето со електрична енергија.


1110

Задолжително

Verified by MonsterInsights