По децении неуспешни обиди за јавно-приватно партнерство, државата ќе го гради “Чебрен и Галиште”

По повеќе од три децении неуспешни тендери и обиди за реализација, Владата тврди дека е блиску до одлуката хидроенергетскиот проект Чебрен и Галиште да го финансира и реализира државата.

Премиерот Мицкоски рече дека има заинтересирани финансиски институции кои сакаат да инвестираат во тој проект и ако сè биде како што треба, може да се очекува следната година да биде ставен камен-темелник притоа посочувајќи дека придобивките на земјава од изградбата на истиот се повеќекратни за државата.

Според Мицкоски, овој проект може значително да ја подобри позицијата на земјата во услови на климатски промени и растечки потреби за вода, но и самиот потенцираше дека изградбата на овој проект нема да биде завршена само од една Влада.

Покрај долговетуваниот мега проект Чебрен и Галиште, има најава и дека со 46 милиони евра, во следните неколку години ќе се модернизираат шест големи хидроелектрани во рамките на три хидроенергетски системи „Маврово“, „Црн Дрим“ и „Тиквеш“, односно ќе се инвестира во замена на застарената опрема со што ќе се намалат прекините во работата, ќе се продолжи работниот век на постројките и ќе се зголеми оперативната безбедност.

Инаку, идејата за Чебрен започнала далечната 1964 година, денес по повеќе пропаднати тендери и после толку години, сепак останува да видиме дали најавеното ќе биде реализирано.


1053

Задолжително

Verified by MonsterInsights