ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС НА ФИКТ И ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски, заедно со претседателот на Советот Бојан Бојкоски, денеска присуствуваше на првиот академски час на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) и на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

На ФИКТ, заедно со бруцошите, на свеченоста присуствуваа деканот проф. д-р Благој Ристевски и ректорот проф. д-р Игор Неделковски. Коњановски им порача на студентите дека започнуваат важен период во кој, покрај знаењата и вештините, ќе стекнуваат и нови пријателства и искуства кои ќе го определат нивниот професионален развој.

Тој ја истакна соработката меѓу Општина Битола и Универзитетот, особено преку летната универзитетска пракса, а денеска беше отворено и студентското катче на ФИКТ, опремено преку волонтерска акција на МКЦ Битола во партнерство со ФИКТ.

На Правниот факултет, градоначалникот им посака успешна академска година и многу знаење, истакнувајќи дека околу 40 студенти изминатото лето биле дел од практикантската програма во Општината, Советот и јавните претпријатија.

„Очекувам и се надевам дека дел од вас во годините пред вас ќе ја искористат таа можност, да бидат дел од нашата администрација како практиканти, а по дипломирањето можеби и наши колеги“, порача Коњановски.


1211

Задолжително

Verified by MonsterInsights