Битола со полни трибини на натпреварот Македонија – Црна Гора

Битола уште еднаш покажа дека е град со голема спортска традиција и публика која го сака спортот. Синоќа, под рефлекторите на стадионот „Петар Милошевски“, бројна публика го проследи меѓународниот натпревар меѓу младите репрезентации на Македонија и Црна Гора, кој заврши со резултат 1:1.

На трибините беа и градоначалникот на Битола Тони Коњановски, секретарот на Општината Борче Димитровски, како и бројни спортски работници и љубители на фудбалот.

„Задоволство беше да бидам дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“. Ова беше голем ден за спортска Битола. Публиката покажа дека Битола го сака спортот и знае да ужива во вакви големи натпревари“, изјави градоначалникот Коњановски.

Особено радуваше присуството на голем број млади гледачи, кои создадоа одлична атмосфера на трибините.

Во само два дена Битола беше домаќин на два големи спортски настани – прво ракометен, а потоа и фудбалски, уште една потврда за спортскиот дух и енергијата на градот.


1211

Задолжително

Verified by MonsterInsights