Ново археолошко откритие кај Корошишта – пронајден воин со златна опрема

Ново значајно археолошко откритие е направено на локалитетот Расница, кај струшкото село Корошишта. Археолозите открија богато војничко погребување од архајскиот период, со оружје и предмети од злато, бронза и килибар.

Во гробот се пронајдени штит, шлем, копја и меч, како и други вредни предмети кои даваат слика за статусот и улогата на погребаниот во заедницата.

Наодите од овогодишните истражувања денеска беа презентирани од Археолошкиот музеј. Истражувањата на Расница ги предводи д-р Перо Арџанлиев.

Според археолозите, откритието е значајно за проучувањето на животот, воената организација и погребните обичаи во Охридско-струшкиот регион во VI век пред нашата ера.

Локалитетот Расница привлече внимание и во 2024 година, кога беше откриена монументална гробница со богат археолошки материјал. Меѓу тогашните наоди беа бронзен шлем со златни апликации, златен надградник, сребрени игли и садови.

Новото откритие е уште еден доказ за богатото археолошко наследство на овој дел од Македонија и значењето на Расница за проучувањето на најстарите периоди од историјата на регионот.


1090

Задолжително

Verified by MonsterInsights