April 19, 2024

Се одржа 9 тата седница на Советот на Општина Новаци

На денешната седница на Советот на Општина Новаци советниците разгледаа околу триесеттина точки на дневен ред.

По усвојувањето на записникот од претходните две седници, советниците разгледаа и усвоија неколку документи и тоа: Предлог измени на Програмата за управување со животна средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во општина Новаци за 2022 година, Оперативен план за заштита и одбрана од поплави за 2022г.од страна на АД Водостопанство на РМ – Подружница Битолско поле-Битола.

На седницата се разгледа и две предлог-Одлуки за давање на согласност за Меморандум за соработка меѓу општина Новаци и лицата Рамазан Тезџан и Ахмед Корпулуоглу како промотер на општина Новаци.

Советниците ја разгледаа програмата од ЗФК Новаци 2005 од Новаци за пролетниот дел од натпреварувачката сезона и дадоа позитивно мислење за истата.

Неколку барања за доделување на еднократна парична помош по различни основи и тоа за лекување, за реконструкција на цркви и манастири, поправка на селскиот водовод во с.Долно Орехово, поилки во Живојно, црево за вода во с. Скочивир, за одбележување на верскиот празник Велигден во с. Далбеговци и слично.


1012