September 28, 2023

БИТОЛСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ”РОМСКА ЅВЕЗДА” УТРЕ ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ 8 АПРИЛ, СВЕТСКИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

Здружението ”Ромска Ѕвезда” од Битола, утре во 12.00 ч. на плоштадот Магнолија, во центарот на градот, ќе го одбележи 8 Април, Светскиот ден на Ромите. Според организаторите, ќе се одржи манифестација со богата културно-уметничка програма и многу гости. Ова здружение, традиционално, секоја година, организира повеќе активности поврзани со овој ден. Здружението ”Ромска Ѕвезда” од Битола е едно од најактивните здруженија во Западна Македонија.

Поканети сте сите!!!


1011