December 3, 2022

ЈП Паркинзи Битола започна со акцијата за отстранување на непрописно паркираните возила


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/pelanet/public_html/wp-content/themes/covernews/inc/hooks/blocks/block-post-header.php on line 43

Во соработка со СВР Битола и општина Битола, ЈП ‘Паркинзи’ Битола започна со акцијата за отстранување на непрописно паркираните возила,

„Акцијата започна на 05.04.2022 на просторот околу Офицерски дом, каде што во текот на викендите има голем број на непрописно паркирани возила, а во наредните денови продолжуваме со улиците каде што се детектирани голем број паркирани возила на коловозни ленти, тротоари и зелени површини. Ве замолуваме вашите возила да ги паркирате на местата каде тоа е дозволено, а со тоа би се одвивал побезбеден сообраќај и би имале побезбедно движење на сите пешаци. Сакаме да ве информираме, дека нема никаква промена во цените на пајак службата, а Правилникот за отстранување и преместување на непрописно паркирани возила кои го попречуваат безбедното движење во сообраќајот се дополнува со ставката за подигнување на хаварисани возила и приколки и нивно чување“, велат од ЈП Паркинзи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *