September 28, 2023

Поетско читање по повод Денот на македонските просветители

Вчера(24.05.2022год.) во Палатата на културата – Офицерскиот дом, во организација на Театарската школа “Бабец” и домаќините од ЈОУ Културен и Информативен центар Битола се одржа поетска вечер посветена на големите сесловенски просветители браќата Св. Кирил и Методиј.
Бројната публика имаше можност да проследи млади изведувачи кои инспиративно рецитираа поеми во чест на сесловенските просветители.
Ова е трет настан во ЈОУ Културен и Информативен центар Битола, во рамките на одбележување на Денот на македонските и сесловенски просветители Св. Кирил и Методиј.


1008