March 29, 2024

Танго помеѓу сликата и зборот

Танго помеѓу сликата и зборот, на нежните ноти на пијаното, така би го опишале вечерашниот Ликовно – Поетски настан. Графиката на Виктор Мануел Хернандес Кастиљо, брутално искрена, моќна, акт на борба помеѓу вечните сили на доброто и злото, машки принцип, разгален од женската сила на зборот давајќи му глас на секоја слика, прозборувајќи за секоја од нив на начин на кој само женската суптилност умее, вкоричена во “Поетска мапа” на поетесата Лили Бошевска.
Промотори: Михајло Свидерски – поет, Владо Ѓоревски – ликовен критичар.
Организатори: Меѓународна ликовна колонија “ДеНиро” во соработка со ЈОУ Културен и информативен центар Битола.
Стиховите ги читаа актерите, Јулијана Мавровска и Васко Мавровски.
Пијано придружба:Љубица Здравковска и Јована Арсовска.


1018