May 29, 2023

За лебедите и некои други нешта на кралицата Елизабета II

Светот е изненаден од големата желба на британците да оддадат почит на својата кралица, 96 годишна жена којшато често била критикувана заради својата емоционална недостапност. Но, сите вадат капа и со благ наклон го признаваат нејзиното силно општествено, политичко, и граѓанско постоење. Дури и политичката карикатура преку која најчесто се посочуваа мааните на британската монархија деновиве е блага.

„Што ти требаше толку време?“ – прашува Војводата Филип, сопругот на Кралицата Елизабета Втора. „Имав работа“ – логично одговара сега починатата кралица. Војводата од Единбург, како што гласеше титуларот на нејзиниот сопруг често беше критикуван дека нема ама баш никакви официјални активности вредни за споменување од политичкиот свет.

Седумте децении на престолот сами по себе кажуваат за мирното време во кое владееше Елизабета. Во Бакингемската палата таа организираше посети ( никој не ги нарекува забави) на многу уметници од филмот и популарни музичари. Не е чудо што младите од САД во текот а одбележувањето на 60 годишнината од нејзиното владеење се прашуваа дали ги познава Ролинг Стоунс.

За Кралицата и од кралското семејсто има многу занимливости кои сега се споделуваат, а се дел од автентичниот кралски односно британски идентитет.

Така, интересно е што освен палати, улици и паркови, Кралицата во наследство ги остави дивите лебеди на Темза и долж 12 наутички мили во отворените морски води .Кралскиве птици се пребројуваат од 1324 година кога кралот Едвард Втори со кралски указ ги заштити залихите за своите гозби. Сега никој не ги јаде лебедите, но традицијата на пребројување сеуште се негува.

Во текот на својот живот Кралицата Елизабета стоела на стојка за портретирање за 200 портрети, што во превод значи недели и недели простум,беше единствениот човек на светот кој имал право да вози без возачка. Вештината на возење Елизабета ја совладала во текот на Втората светска војна кога возела камион. Навивала за фудбалскиот клуб Арсенал, а нејзините омилени кучиња корги и помогнале да се вброи во главните биолози и генетичари на Велика Британија . Едно од нејзините кучиња случајно  се парело со кучето „дашунд“ од сестра и Маргарита, па овие двете станаа одгледувачи на врстата„ дорги“.


1005