April 16, 2024

Засилените акциски контроли продолжуваат, 23 возачи извршиле непрописно престигнување

23 возачи извршиле непрописно престигнување на територија на СВР Битола

Во текот на денешниот ден (02.10.2022)во периодот од 14.00 до 19.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. При контролата констатирани и законски санкционирани се 23 возачи. За време на контролата биле санкционирани и останати 18 прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила.


1035