ЦБР или БЈРМ
3 октомври е ден кога во Македонија се зборува за неуспешниот атентат на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров и фактот дека сега веќе по 27 години, ниту полиција, ни обвинителство, ни министер, ниту претедател , светот или само македонците немаат квалитетна информација за атентаторите.
А , ЦБР или Централна Балканска Република беше еден од предлозите на администрацијата на Глигоров за името на македонската држава којашто во 1991 година по пат на референдум се определи за независност. ЦБР, граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ го одбија инсистирајќи дека во името на државата заради доминантниот народ Македонци и вековната борба за своја држава мора да стои името Македонија.

Историјата бележи дека 30 години во Македонија се расправаше за стратегија за преговарање и различни насоки, политичките партии се согласуваа па ја повлекуваа согласноста за географска одредница во името, а американскиот правник Метју Нимиц 30 години имаше работа. А работа имаа и различните функциониер во ООН кои предлагаа имиња: Нова Македонија, Уставна Република Македонија, Демократска Република Македонија , Република Вардарска Македонија, Независна Република Македонија, Република Македонија- Скопје, Горна Македонија. Па се проблематизираше пишувањето на името , со латинични букви а на Македонски јазик или на Англиски јазик со „оф“ (Republic of Macedonia).Занимливост беше и предлогот Република Илинденска Македонија. Во сите години на преговори Република Македонија беше означена како Поранешна или Бивша Југословенска Република Македонија – БЈРМ / F.Y.R.O.M , предлогот на првите преговарачи за кој Киро Глиговор во изјава за медиумите кажа дека е име кое ќе се користи само неколку месеци.