Асфалтирање на ул. 7 -Јули
Продолжуваат инфраструктурните активности во општина Битола. Како дел од проектот за реконструкција на улицата „7 ми јули“, денес започна асфалтирањето на улицата во должина од 322 метри. Асфалтирањето се врши во два слоја, а вкупната вредност на проектот, изнесува 5.865.518 денари. Со дореализацијата на започнатите градежни активности, проектот за реконструкција на 23 улици, кој го најави градоначалникот Коњановски, на почетокот на градежната сезона, влегува во завршна фаза. Имено на последната сединица на Советот на Општина Битола градоначалникот направи осврт кон активностите што ги реализира со општинската администрација: „Добро познато е дека од предвидените 23 улици, за кои затекнавме 20 тина изготвени проекти, веќе сме во завршна фаза на реализација на градежните активности на терен, но во постапка сме и на изготвување на нови над 65 проекти кои се однесуваат на подобрување на патната инфраструктура, подобрување на енергетската ефикасност на објектите, хортикултурно и партерно уредување на повеќе локации во општината.“ – рече во таа приликиа градоначалникот Д-р Тони Коњановски. Реконструкција на улица „Индустриска“ (ул.Бурса) во должина од 2,4 километри, која ќе биде нова обиколница во градот, за што проектот е изготвен и реконструкција на комплетна инфраструктура на повеќе улици во должина од 2060 метри, за што проектната документација е во завршна фаза заедно со проектот за изградба на велосипедски патеки – за што има одобрен сообраќаен проект и се работи на градежен и изведбен проект се следно урбанистичко уредување за кое се очекуваат средсва од Светска Банка.
Извор: Општина Битола