April 16, 2024

Радовиќ: Респект за сите ривали, но во битолскиот „пекол“ полагаме големи надежи!

По завршувањето на квалификациските рунди, со ждрепка во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена се дознаа групите во новата сезона на ракометната Европска лига.

Македонија ја претставува вицешампионот Еурофарм Пелистер, кој ќе игра во последната група Д заедно со Фуксе Берлин (Германија), Мотор (Украина), Бидасоа Ирун (Шпанија), Скандерборг Архус (Данска) и Агуаш Санташ Миланеза (Португалија).

Капитенот Мирко Радовиќ се потпира на квалитетот на екипата и битолскиот „пекол“ за остварување на целта – пласман во нокаут фазата. 

Од екипите со кои се најде во групата, Еурофарм Пелистер (претходно како Еурофарм Работник) има искуство од дуели со Бидасоа Ирун (победа во Битола и пораз во Баскија), а со останатите четири ривали никогаш не играл во натпревариод евро-куповите. 

https://www.gol.mk/rakomet/radovikj-respekt-za-site-rivali-no-vo-bitolskiot-pekol-polagame-golemi-nadezhi


1023