Ова е реакцијата на Иван Чулаковски, советник во Советот на Општина Битола од партијата Поинаку по малиот одзив на нивната иницијатива за чисење на ски-патеката „Копанки“ на Пелистер.

„Се кренавме да помогниме да се среди стазата, ама домаќинот (концесионерот), на кој му чистиме, ни прави опструкции. Жичарата не беше во функција со што беше отежнато работењето. Наводно Елем Турс имале план и програма за работа па ова изгледа му сметаше дека ќе му ја исчистиме стазата. (шо е нивна обврска). Каква програма директоре? Цело лето ништо не се сработи. Не се намести сајлата, нема ратрак, никакви инвестиции, стазата е во очајна состојба, еден нужник не напрајвте, пак крпејнци. Да имавте програма и план досега требаше да имаме модерен скијачки центар и се да биди идеално. Цело лето со прст не мрдавте, па сега имале програма.“- реагира Чулаковскина својот фејсбук профил.

Малку подолу, заедно со повикот за Чулаковски го објавува и одговорот на ЕЛЕМ Турс и концесионерот ПСК „Пелистер“ Битола на прашање од „Поинаку“ за начиот на функционирање на ски центарот во претстојната сезона, па вели:   „Во рекордно време добивме известување од ПСК Пелистер, а денес 5ти Октомври 2022 и од Елем Турс во кои се вели дека е постигнат нов договор, со кој Елем Турс се обврзува на неколку важни работи за нас како битолчани а воедно и корисници на ски центарот:

– Договорот е склучен со важност од 10 години.

– АД ЕСМ Скопје преку својата фирма-ќерка ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје во иднина планира да инвестира и да го одржува Ски –

центарот Копанки.

Планираните инвестиции се:

– Поставување на затезно и влечно јаже (сајлата на ски лифтот)

– Осветлување на ски-патеките за ноќно скијање

– Изградба на јавни тоалети

– Сигнализација на патеки

– Нов систем за ски-билети

– Обезбедување на снеготапкач – ратрак

– Замена на корпите на жичарата

– Оваа скијачка сезона ќе бидат во функција ски-лифтот и жичарата.

Иако за некои е далеку од ски центар или лизгајнца како шо викат, за мене Копанки е едно култно место каде битолчани уживаат во зимските спортови и чистиот воздух. Какво такво, наше си е нема потреба да одиме на Вигла да му оставаме пари на Грците!“

Сепак, годинава освен од партијата ВМРО-ДПМНЕ и ПОИНАКУ и јавното комунално претпријатие „КОМУНАЛЕЦ“ , малкумина од градот беа заинтересирани да поправат таму кадешто властите запоставиле.  Чулаковски во коментарите на овие  два фејсбук постови ја отсликува и состојбата којашто ги поттикна членовите на партијата да ја реализираат акцијата.

„Ама да се чисти патеката на која си има концесионер каде договорот е да ја одржава патеката,жичарата,ски-лифтот итн,за тоа ЕЛЕМ-Турс си наплаќа ,каде цела зимска сезона не работи ски-лифтот,каде со рестрикции работи жичарата,каде патеката е како крос стаза,каде се кради тони нафта,каде е све како што не треба , каде треба да се тукраме како талибанци за ред,каде нема чешма за вода, каде нема тоалети со канализација,каде ратракот е 50% вон работна состојба,каде нема спортска култура и професионализам од вработените,нечистени патишта итн, тука треба да се запрашате зошто никој не е дојден да учествува во така наречената акција, што очекуваш да биде???? Кој е feedback за граѓаните на Битола…?“

Извор/ Фото: ФБ пост на советникот Чулаковски


1196

Задолжително

Verified by MonsterInsights