April 18, 2024

Инфлацијата  двоцифрена, сиромаштијата галопира, стандардот опаѓа

Паушално генерализирање на состојбата пред граѓаните со изговор дека глобалните економски негативни текови мора да се издржат, несериозност и неспособност на владата , нејзино бавно делување и неодлучност во кризите од Конив пандемијата досега. Ова, заедно со насловот е оценката на ВМРО-ДПМНЕ за последниот сет мерки на владата предложени  за олеснување на сиромаштијата којашто навлезе во домовите и фирмите на македонските граѓани.

„Само да потсетам дека годишната стапка на инфлација во септември достигна 18,7%, што не става меѓу земјите со највисока инфлација во Европа. Храната за само една година ни поскапе за 30%, најмногу, за двојно повеќе поскапе лебот и маслото, млекото, сирењето за 36%, а месото за над 26%. Трошоците за домување се пораснати за речиси 20%.“ – изјави денеска на прес конференција лидерот на опозицијата Христијан Мицковски.  Најмногу проблем претставува фактот што владата не нуди ниту пари ниту план за спречување на растот на цените на храната, односно нема предвидено поддршка на производителит ена храна.

„Добро е што владата ги прифати предлозите  за враќање на јавните водоводни претпријатија, училиштата и здравствените установи на регулираниот пазар, но ова не е доволно “– вели денеска Мицковски, правејќи споредба на 350те милиони евра во Македонија, со 2,5милијарди евра за иста намена што ја направи Хрватска.

Актуелниот пакет не ги решава останатите проблеми.

„Мерките од планот наликуваат на оние од ковид кризата кои апсолутно на ниту еден начин не го заштитуваат животниот стандард на граѓаните и не ги решаваат проблемите со кои се соочуваме како земја. Нема детален план со буџетски пресметки за секоја мерка.  Ова наликува на милијардите на претходникот на Ковачевски кој помпезно ги најавуваше на прес конференција, кои не беа реализирани во проекти. …Сумирано, ¾ од наведената сума на новиот пакет не се однесува на мерки, не се однесува на помош на граѓаните и компаниите. “, ја пренесе денеска Мицковски  оценката на ВМРО-ДПМНЕ, предлагајќи нови 5 мерки за подобрување на ситуацијата.

„Владата ниту делува брзо, ниту делува одлучно во кризи. Голем крах имаше во справувањето со здравствената и економската криза предизвикана од Ковид-19, голем крах има сега во справување со инфлацијата и енергетската криза кои се присутни веќе една година, иако предупредувавме. Не го стопираа растот на цените на основните прехранбени производи. Не ја подготвија државата да ја дочека зимата со сигурно домашно производство на електрична енергија. Не го помогнаа бизнисот кој е неликвиден поради високата цена на струјата.

Затоа не е време за бркање на политички поени или суети, време е за делување. Кога се работи за интересот на граѓаните треба да се влечат потези кои ќе се за најдоброто на државата и граѓаните. Затоа ја повикувам Владата да го прифати пакетот на мерки кој го нудиме и да сочува работни места и да го заштитиме стандардот на граѓаните.“


1018