Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на енергетската криза

1.Вишоците кои што ги произведува поранешно ЕЛЕМ, денешно АД ЕСМ на струја кои што се јавуваат во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството по производна цена. Се пресметува дека таа цена нема да надмине вредност од 80 евра за мегават на час. А, периодот на апликација на оваа мерка да биде од први ноември 2022 година и се до крајот на кризната состојба, 30-ти април 2023 година. А, потоа ќе се продолжува во зависност од новата регулација на состојбата која што се случува и во Македонија, но и во Европа. Според нашите пресметки станува збор за отприлика 200 до 250 илјади мегават часови. “ За ова да се случи потребно е да се промени недела како неработен ден и компаниите да изберат друг ден за неработен, а да се работи во викенд како би се искористила ефтината викенд струја.
2..Секоја цена на мегават час која што компаниите ќе ја платат, а ќе биде повисока од регулираната според тарифникот за мали потрошувачи на РКЕ половина од трошоците да ги плати владата во вид на субвенција. Цената изнесува 200 Евра за мегават час, а тоа би значело 50 милиони евра финансиска помош само за стопанството, со намера зачувување на работните места.
3.Викенд без ДДВ за основните прехранбени производи, за да можат да се снабдат граѓаните по пониска цена за да не удираме со ДДВ врз стандардот на граѓаните.
4.Интервенција во Законот за личен доход и таа иницијатива ќе ја поднесеме во Собранието, во текот на оваа или следната недела, со кој што ќе се одложи скалестото оданочување. Тоа ќе почне да важи од 01.01.2023 година, и директно ќе удри на стандардот на граѓаните, а ќе влијае и врз финансиската ликвидност на компаниите.
5.Дестерилизирање на благајничките записи во Народната банка. Таму цениме дека има помеѓу 150 и 160 милиони денари пари од банките од фондовите кои што се наоѓаат запишани во благајничките записи. Да се дестерилизираат со намалена емисија на благајнички записи и тие пари да се вратат назад кај банките, а потоа банките тие пари да ги пласираат до стопанството, односно да ги стават на располагање на стопанството со што ќе ја помогнат ликвидноста на компаниите, а работните места ќе бидат сочувани.
