Манифестација ‘Поречки фармер 2022’

И оваа година со богати штандови, спремени од вредните раце на поречаните, блесна манифестацијата “Поречки фармер 2022г.” , која се одржа како и претходно во населеното место Самоков, центарот на Поречието.
Манифестацијата претставува сублимат на сета поречка убавина – традиционална храна, плодови од поречките градини, рачни изработки и поречки ора и песни.
Манифестацијата ја отвори и поздрави градоначалникот Жарко Ристески.











